Top Sport

Ајакс ќе исплати 7.85 милиони евра на семејството на Апи Нури

Семејството на Абделхак „Апи“ Нури потврди дека склучиле договор со Ајакс надвор од судот, со што ќе добијат 7.85 милиони евра компензација за грижата за нивниот син, поранешниот талент на „копјаниците“ кој колабираше на теренот во 2017 година.

Младиот Холанѓанец доби срцев напад на терен во 2017 година, по што се здоби со сериозни оштетувања на мозокот, а истрагата на Ајакс покажа дека на теренот имало недоволна медицинска грижа, односно дека тој не бил на време вратен во живот со што ќе се спречело оштетувањето на мозокот. Тој неодамна излезе од кома, и семејството продолжи да се грижи за него.

„Добро е што се дојде до договор за да се заклучи ситуацијата. Сите го сфаќаме страдањето на Абдехак и неговите најблиски, и дека тоа не е завршено. Го почитуваме начинот на кој семејството се грижи за него, со многу љубов и внимание. Кога го посетувам, секогаш се чувствувам добредојден од целото семејство. Врската која Ајакс ја има со семејството Нури ќе остане засекогаш, не само поради Абделхак Нури трофејот, кој семејството го доделува на најголемиот млад талент во нашата кадемија, туку поради тоа што решивме бројот 34 да биде секогаш на неговото семејство“, изјави генералниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Состојбата на Нури се подобрува, но прогресот е многу бавен!

Нури заплакал кога слушнал дека Ван де Бек ќе го носи неговиот број

Scroll to Top