Рускиот тенисер, Андреј Рубљов се пласираше во финалето на Дубаи шампионатот во петокот по тешката 3:6/7:5/7:6(5) победа над Полјакот Хуберт Хуркач, по што прати анти-воена порака со потписот на камерата по крајот на мечот.
Седморангираниот Рубљов, кој минатата недела освои двојна титула во Марсеј, вклучувајќи ја титулата во двојки со својот долгогодишен пријател, Украинецот Денис Молчанов, по што се реши на ваков гест.
Неговиот сонародник, Данил Медведев, кој од понеделник ќе биде новиот светски број 1, исто така прати порака за мир од Акапулко, каде што игра на Мексико опен.
„Ги гледам вестите од дома тука во Мексико и не беше лесно. Како тенисер, сакам да промовирам мир низ целиот свет. Играме во толку различни држави и не е лесно да се слушнат вакви вести. Јас сум за мир“, изјави Медведев.
Russian tennis player Andrey Rublev writes "No war please" on the camera following his advancement to the final in Dubai. pic.twitter.com/GQe8d01rTd
— TSN (@TSN_Sports) February 25, 2022