Top Sport

Тренерот на Шахтјор, Де Зерби замина од Киев

Тренерот на Шахтјор Доњецк, Италијанецот Роберто де Зерби и неговиот тим го напуштиле Киев со воз, но уште се во Украина, тврдат италијанските медиуми.

Поранешниот тренер на Сасуоло и Беневенто доби две шанси да замине од Украина по почетокот на руската инвазија, но инсистираше да остане додека не се осигура дека неговите странски играчи ја напуштиле земјата.

Според „Скај Спорт Италија“, Де Зерби и неговите сонародници сега се на воз надвор од Киев и на пат кон границата со Романија.

Де Зерби стана тренер на Шахтјор по импресивните резултати со Сасуоло, и оваа сезона го предводеше тимот во Лигата на шампиони во мечевите против Интер и Реал Мадрид.

Scroll to Top