По препораката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Русија и Белорусија да бидат исклучени од сите спортски натпреварувања, ФИФА и УЕФА потврдија дека руските клубови и руската репрезентација се суспендирани од сите натпреварувања, а во исто време Евролигата привремено ги суспендираше трите клуба во елитната кошаркарска лига – ЦСКА Москва, Зенит Санкт Петерсбург и Уникс Казан.
Ова значи дека руската репрезентација нема да го игра баражот против Полска за пласман на Светското првенство во Катар, ниту женската руска репрезентација ќе може да настапи на Светското првенство во Англија ова лето. Зенит Санкт Петерсбург и Спартак Москва, исто така се исфрлени од Лига Европа.
FIFA and UEFA suspend Russian clubs and national teams from all competitions.
Full statement: ⬇️
— UEFA (@UEFA) February 28, 2022
Decisions by the ECA Shareholders Executive Board
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 28, 2022
ИОЦ бара целосно исклучување на Русија и Белорусија од светскиот спорт