Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден е прогласен за МВП на сезоната во НБА лигата, додека најдобар дебитант е играчот на Филаделфија ’76, Бен Симонс.
Харден, во регуларниот дел од минатата сезона, во просек по натпревар бележел по 30,4 поени, 8,8 асистенции и 5,4 скока. Тој го предводеше Хјустон до првото место во лигата со 65 победи и 17 порази. Сепак Рокитс не успеаја да го минат финалето во Западната конференција.
Харден до признанието дојде пред Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс.
Харден е првиот играч на Хјустон по 1994 година што го добил ова престижно признание.
Дебитант на годината е Бен Симонс од Филалделфија. Во „тесна“ борба“ тој на градата ја доби пред бекот на Јута Џез, Донован Мичел.
Симонс регуларниот дел од сезоната го заврши со просечни 15,8 поени, 8,2 асистенции и 8,1 скока по натпревар.
Тој е првиот Австралиец и третиот неамериканец што ја добил оваа награда.