Аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона преку Фејсбук им порача на своите фанови дека е „добро“ откако мораше да добие медицинска помош по драматичната завршница на мечот против Нигерија во вторникот.
По мечот, на кој Марадона бизарно се однесуваше, се појавија снимки на која на Марадона му беше потребна помош во ВИП делот на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, а шпекулациите велеа дека тој завршил во болница. Марадона ова го демантираше преку Фејсбук.
„Сакам да ви соопштам на сите дека сум добро, и дека не бев во болница. На полувреме ме болеше вратот, и лекарите ми препорачаа да си заминам пред полувремето, но игравме за сèшто е важно и не можев да си одам тогаш. Праќам бакнежи за сите, благодарам на убавите зборови“, напиша Марадона.