Квотербекот Арон Роџерс стана најдоброплатениот НФЛ играч во историјата, откако Грин Беј пекерс му дадоа четиригодишен договор вреден 200 милиони долари (од кои 153 милиони му се гарантирани).
Со ова се става крај на шпекулациите дека 38-годишниот Роџерс ќе заврши во Денвер бронкос или ќе се пензионира. Договорот му гарантира годишна плата од 50 милиони долари, со што тој ќе ги помине Патрик Махомес од Канзас Сити чифс (45 милиони долари) и Џош Ален од Бафало билс (43 милиони долари).
Роџерс освои Супербол со Пекерси во 2010 година, но оттогаш на Грин Беј не им оди најдобро во плејофот, губејќи четири пати во конференциските финалиња.