Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, знае какви предизвици го очекувата оваа сезона. Истакнува дека ќе би било неверојатно кога би ја освоил шампионската титула. Британецот, во јануари, наполни 37 години, сезонава ќе се обиде да ја освои рекордната осма титула.
Хамилтон е свесен дека го очекува тешка задача, особено по тестирањата во Бахреин, каде Мерцедес имаше одредени проблеми.
„Тестирањата во Бахреин беа тешки. Имаше болиди кои беа многу брзи. Алфа Ромео беа брз. Валтери Ботас беше брз. Очигледно дека Ред Бул имаат неверојатна брзина во овој момент, истото важи и за Ферари. Но ние сме најдобриот тим. Во тоа не се сомневам“, рекол Хамилтон.
Новата сезона во Формула 1 започнува овој викенд во Бахреин.