Top Sport

Реал Мадрид на лето ќе се обиде да ја купи ѕвездата на Интер

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде да го купи италијанскиот репрезентативец Николо Барела од Интер во летниот преоден рок. Претседателот Флорентино Перез, откако „кралскиот клуб“ го елиминира ПСЖ и се пласира во следната фаза од натпреварувањето во Лигата на шампионите, одлучи да се обиде да ја доведе ѕвездата од Серија А.

Перез смета дека Барела би бил наследникот на Лука Модриќ и подготвен е да инвестира во трансферот на играчот од средниот ред на Интер.

Клубот од Милано за италијанскиот репрезентативец ќе бара 70 милиони евра, а Флорентино Перез на лето ќе се обиде да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top