Европскиот првак Челси би можел да биде исфрлен од Лигата на шампионите. Оваа шокантна најава ја даде влијателниот француски спортски весник „Л’Екип“ кој тврди дека англискиот клуб е под сериозна закана од УЕФА поради најновите санкции од ЕУ за рускиот тајкун и се уште сопственик на Челси, Роман Абрамович. Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, неодамна изјави нема причина за такво нешто, но, сепак, „Л’Екип“ ја дава другата страна на вистината.
Според францускиот весник, реванш мечот меѓу Лил и Челси е сериозно доведен во прашање дали воопшто ќе се одигра, поради најновите санкции на Европската унија кон Русија, во кои е опфатен и Роман Абрамович.
Ако Челси биде исфрлен од ЛШ, тоа дефинитивно ќе биде преседан во историјата на фудбалот. Натпреварот меѓу Лил и Челси е закажан за утревечер во Франција, а лондонскиот клуб има предност од 2-0 од првиот дуел на „Стемфорд бриџ“.
L’ajout de Roman Abramovitch à la « liste noire » des personnalités russes sanctionnées par l’Union européenne pourrait mettre en péril la tenue de Lille-Chelsea, mercredi soir, en Ligue des champions. Explications https://t.co/y875CDFncd pic.twitter.com/v6Yaq4fH6m
— L’ÉQUIPE (@lequipe) March 15, 2022