Top Sport

Клоп: Замислете да заостанувавме 14 бода зад Манчестер Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е среќен поради триумфот (0:2) на неговиот тим против Арсенал во одложениот натпревар од 27. коло на Премиерлигата. Сега „црвените“ се доближија на само еден бод негатива во однос на Манчестер Сити и завршницата во Англија ја направија неверојатно интересна.

„Многу сум среќен поради ситуацијата во која се наоѓаме сега. Сега сме само еден бод зад Манчестер Сити. Насмеан сум, нормално, замислете да бевме 14 бода зад главниот ривал. Но, ова ништо нема да промени, затоа што мораме да продолжиме во истиот дух да играме и понатаму. Со нетрпение ги очекуваме следните натпревари“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул е во серија од девет последовни победи во Премиер – лигата.

 

Scroll to Top