Top Sport

Чави: Барселона сака да го освои трофејот во Лигата на Европа

Тренерот на Барселона, Чави Eрнандез, посакува неговите фудбалери да не ги повторат грешките од првиот натпревар од Лигата на Европа против Галатасарај, доколку сакаат да обезбедат пласман во четврт-финалето од ова натпреварување. Минатата недела на „Камп Ноу“, Барселона имаше лоша реализација на шансите, а се истакна и голманот Ињаки Пења, кој инаку од каталонскиот гигант е позајмен во составот на Галатасарај.

„Имам чувство дека и денешниот дуел ќе многу сличен на првиот. Противникот ќе игра со цврст блок во средниот ред и во одбраната, а ние треба да знаеме како да ги пробиеме. Мора да ја подобриме реализацијата на шансите. Кога веќе се најдовме во Лигата на Европа, сега сакаме да го освоиме трофеј“, изјави Чави.

Галатасарај вечерва во Истанбул ја пречека Барселона во реваншот, а интересен е и дуелот меѓу Вест Хем и Севилја. Црвена Звезда го пречекува Глазгов Ренџерс, а Баер Леверкузен е домаќин на Аталанта.

Scroll to Top