Младиот Норвежанец Атле Лие Мекграт стигна до својата втора победа во кариерата, триумфирајќи на последниот слалом од сезоната во Светскиот куп, додека на неговиот далеку попознат сонародник, Хенрик Кристоферсен му беше доволно и второто место за да ја запечати и третата титула во слалом во својата кариера.
Мекграт беше втор по првото возење на тешката патека поставена од нивниот норвешки тренер, но лидерот Лукас Братен направи повеќе грешки и заврши на 11. место, за на 21-годишниот Мекграт да му ја донесе втората победа оваа сезона по таа во Цирс, Австрија.
На Кристоферсен пак, му беше доволно што заврши пред третопласираниот Австриец Мануел Фелер, кому му беше потребно Норвежанецот да не ја заврши трката да стане шампион. Кристоферсен веќе има мал кристален глобус во слалом во 2016 и 2020, а во 2020 триумфираше и во велеслалом.
Let the celebrations begin! ??
It's a Norway 1-2 in Meribel as Henrik Kristoffersen wins the men's slalom Crystal Globe ??#FISAlpine | @H_Kristoffersen pic.twitter.com/C0r9OyH6z5
— Eurosport (@eurosport) March 20, 2022