Кристијано Роналдо им прати порака на своите соиграчи од португалската репрезентација пред баражот за пласман на Светското првенство против Турција, ветувајќи дека ќе се борат за да го остварат „заслуженото“ место на Мундијалот во Катар.
37-годишниот Роналдо се подготвува за тоа што најверојатно би бил негов последен Мундијал, но прво Португалците мораа да ја победат Турција дома, а потоа во финалето на баражот играат со подобриот од мечот помеѓу Италија и Македонија. Шампионите од ЕУРО 2016 се најдоа во ваква ситуација по поразот од 1:2 од Србија во последното коло од квалификациите во ноември.
„Целосен фокус кон Светското првенство 2022. Горд, како и секогаш, што ќе ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен, имаме најголем респект кон противниците со кои ќе се соочиме и кои имаат иста цел како нас. Но, заедно, ќе се бориме да ја поставиме Португалија на заслуженото место. Да го направиме тоа“, напиша Роналдо на Инстаграм.