Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Ветеранот Џорџо Кјeлини смета дека Италија не треба да стравува од репрезентацијата на Македонија. Искусниот дефанзивец кој подолг период беше повреден, вели дека е подготвен за игра на утрешниот натпревар.
„Италија не смее да стравува од Македонија. Мора да останеме мирни, но и да покажеме агресивност во играта. Подготвен сум, иако последниот збор околу мојот настап секако ќе го има селекторот. Уживаме во атмосферата во Палермо и се надевам дека ќе оствариме победа која ќе не одведе на чекор до мундијалот во Катар“, изјави Кјелини.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија ќе се одигра утревечер, со почеток во 20.45 часот, на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.