Фудбалерот на Реал Бетис, Ектор Белјерин даде интервју кое ги разбранува страстите во Шпанија, откако се запраша зошто војната во Украина добива толку многу медиумско внимание додека во минатото страдањата на другите народи биле занемарувани.
Поранешниот фудбалер на Арсенал во интерјву за „Ла медија инглеса“, смета дека е „расистички“ што другите конфликти се во сенка на тоа што се случува во Украина.
„Тешко е да се види дека сме позаинтересирани за оваа војна отколку за другите. Не знам дали тоа е поради тоа што се слични луѓе на нас или бидејќи конфликтот може да влијае на нас подиректно, економски и поради приливот на бегалци. Палестинската војна е целосно замолчена, никој не зборува за неа. Јемен, Ирак… Сега Русија нема да може да игра на Светско првенство, поради нешто што другите земји го правеа многу години. Мислам дека тоа покажува расизам, тоа што ги затваравме очите за другите конфликти, а сега имаме ваква позиција. Исто така покажува недостаток на емпатија поради бројот на загубени животи во другите конфликти“, смета Белјерин.
?Héctor Bellerín en Exclusiva?
Uno de los jugadores más únicos que hemos entrevistado.
??????https://t.co/No9cy2nU7l pic.twitter.com/SvjpMQXLqQ
— La Media Inglesa (@LaMediaInglesa) March 22, 2022