Top Sport

Мајката на Рабио удри по критичарите: Тие сакаат да не уништат

Мајката (и агент) на фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио застана во одбрана на својот син по многубројните критики во италијанските медиуми, велејќи дека критичарите сакаат да го „уништат“ нејзиниот син, кој нема што да докажува

26-годишниот Рабио пристигна во Јувентус како слободен играч во 2019 година откако замина од Пари Сен-Жермен, но не успеа да ги оствари големите очекувања. Тој имаа 120 настапи за Јуве, од кои 36 оваа сезона и има скромни 6 гола и 6 асистенции.

Вероник Рабио, која претходно беше на насловните страници по конфликтот со родителите на Пол Погба и Килијан Мбапе на ЕУРО 2020 по елиминацијата на Франција, сега вели дека критиките се неосновани.

„Не знам зошто тој негативен имиџ во медиумите, тие не уништуваат цело време. Адриен нема што да докажува, тој игра фудбал и ја покажува страста на теренот. Кога не игра, сака да има пристоен живот а не да се оправдува. Во Италија велат дека не е доволно добар, но нему не му е грижа дали постојано игра. Никогаш не му заборавија ништо на мојот син, тој е постојано цел на критики од своја 17-та година. Сите прават грешки Не сме роботи Не сфаќам зошто медиумите се против нас“, вели Вероник Рабио во интервју за весникот „Ост Франс“.

Караници на трибините – мајката на Рабио „удрила“ по Погба и Мбапе

Се јави и Вероник Рабио: ПСЖ не му нудат договор на мојот син

Scroll to Top