Фудбалскиот клуб Ајакс му дозволил на тренерот Ерик тен Хаг да преговара со Манчестер јунајтед. Доколку двете страни постигнат договор, Манчестер јунајтед ќе мора да платата обесштетување, бидејќи Тен Хаг има важечки договор со Ајакс.
Манчестер јунајтед и Тен Хаг веќе имале една средба, на која тренерот ги изложил своите планови. Како што објави „Скај спорт“, преговарачите од Јунајтед биле задоволни од она што го слушнале.
За Тен Хаг гласал и актуелниот менаџер на Јунајтед, Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе отстапи во функцијата, но ќе остане во спортскиот сектор на Манчестер јунајтед
Тен Хаг има 52 години, во кариерата бил тренер во Го Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минехн, Утрехт и Ајакс. Тренер на Ајакс е од 2017 година.