Top Sport

ПСЖ ќе плати 60 милиони евра за „грешката“ со Нкунку, ако сака да го врати во Париз

Челниците на Пари Сен Жермен како приоритетна цел за летниот преоден рок го „пикираа“ офанзивецот на Лајпциг, Кристофер Нкунку. Одличниот крилен напаѓач е цел на неколку европски клубови, но неговиот матичен клуб и татковината би можеле да бидат пресудни во изборот.

Нкунку треба да биде замена за Бразилецот Нејмар, кој најверојатно ќе го напушти главниот град на Франција ова лето. Се уште не е позната иднината на Килијан Мбапе, кој е најблиску до заминување на Реал Мадрид, но за да остане го убедува дури и претседателот на државата Емануел Макрон.

Интересно е дека ПСЖ го продаде Нкунку за само 10 милиони евра како младинец пред три годиин, а сега ќе треба да плати разлика од речиси 60 милиони евра за да го врати на „Паркот на принцовите“ и покрај тоа што беше во клубот од 14 до 22 години. Тој експлодираше оваа сезона во Германија со 27 гола и 17 асистенции.

Scroll to Top