Реал Мадрид експресно го демантира францускиот новинар, Баптист Рипар, кој попладнево објави дека клубот го договорил трансферот на Килијан Мбапе за сума од 272 милиони евра.
Од „Сантијаго Бернабеу“, порачале дека информацијата не е точна. Пред вечери Реал ја демантираше информацијата на шпанската државна телевизија дека Нејмар ќе пристигне во Реал.
„Реал Мадрид не испратил никаква понуда ниту до ПСЖ, ниту до фудбалерот. Жалиме поради тоа што се шират вакви информации“, се наведува во краткото соопштение објавено на официјалната интернет страница.
Comunicado Oficial. #RealMadridhttps://t.co/6Eg30EtMvB
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 4, 2018
Изминатите денови Реал е централна тема во светските медиуми, најпрвин поради договорот со поранешниот шпански селектор Хулен Лопетеги, а потоа и поради тврдењата дека Кристијано Роналдо го напушта клубот.
Француски новинар тврди дека Реал го договорил Мбапе за 272 милиони евра