Top Sport

Интер сака да го врати Матео Ковачиќ во Милано

Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ на крајот од сезоната би можел да го напушти Челси и да се врати во Италија. Поточно, во неговиот поранешен клуб Интер.

Челси е во голема криза откако претходниот сопственик, рускиот олигарх Роман Абрамович беше принуден да го стави клубот на продажба поради санкциите за руската инвазија на Украина. Поради тешката клупска ситуација, играчите мораат со сопствени пари да купуваат гориво за клупскиот автобус.

Доколку Челси не најде нов сопственик и ако ситуацијата не се смири, многу играчи летово ќе го напуштат Лондон. Интер сака да ја искористи кризата во Челси и да го врати Ковачиќ во Милано.

Ковачиќ од Динамо во 2013 година се пресели токму во Интер за 11 милиони евра. Две години подоцна Реал за него плати 38 милиони евра, а потоа го доведе Челси за 45 милиони евра.

Scroll to Top