Top Sport

Стоунс: Колумбија е највалканиот тим против кого сум играл

Англискиот дефанзивец Џон Стоунс вели дека Колумбија е „највалкиот тим“ против кого играл во кариерата, откако мечот од осминафиналето кој Англија го доби на пенали изобилуваше со бизарни инциденти.

Јужноамериканците влегоа во физички меч против „трите лава“ – Хендерсон доби удар со глава од Вилмар Бариос, Рахим Стерлинг доби лакт од фитнес-тренерот на Колумбија, Хулио Уртасу, а кога Хери Кејн требаше да го изведе пеналот, тие ја „поткопуваа“ тревата кај белата точка.

Стоунс вели дека задоволството по победата било огромно.

„Тој меч беше навистина чуден. Најверојатно највалканиот тим против кого сум играл. Кога добивме пенал, тие дури го туркаа судијата. Ударот со главата го видовте,  исто како и тоа што правеа на пеналот. Покрај тоа имаше и работи кои не ги слушнавте и кои ретко се слушаат на еден фудбалски меч. Беше тешко да не се вовлечеш во нивната игра. Ние останавме на нашиот план и тоа е тоа“, вели Стоунс.

Колумбискиот тренер му „даде рамо“ на Стерлинг! (видео)

Англија ја „скрши“ пенал клетвата и влета во четврт-финале

Scroll to Top