Директорот за лиценцирање на договори на Борусиј Дортмунд, Себастијан Кел ги демантираше информациите дека Ерлинг Халанд веќе е договорен со Манчестер сити за трансфер во текот на летото.
Кел тврди дека никој нема контктирано со бундеслигашот за 21-годишниот Норвежанец, кој има договор со „милионерите“ до 2024 година, но и клаузула во договорот со кој тој може да биде раскинат со понуда од 75 милиони евра.
„Да, постои клаузула за раскин за оговорот, но нема клубови кои контактирале со нас за можно плаќање на клаузулата. Сакаме тој да направи одлука што е можно побргу. Ерлинг се однесува крајно професионално, постојано сака да биде во составот и да придонесе за тимот“, вели Кел.