Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Пелистер, успешно стартуваше во Суперлигата, совладувајќи го на гости Феникс 2010 со 69:77. Битолскиот состав на полувреме имаше двоцифрена предност (32:42), а Феникс се закани само на стартот од третиот период.
Сепак, гостите од Битола го одбија нападот и повторно го вратија убедливото водство (45:57) по 30 минути игра. До крајот Пелистер рутински го приведе мечот и стигна до победа
Бојан Трајковски со 23 поени беше најефикасен на натпреварот, а Игор Кесар постигна 20 во тимот на Пелистер.
Суперлига, прво коло: Феникс 2010 – Пелистер 69:77, Еуро Никел 2005 – Гостивар 82:72, ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (20.април)
ТАБЕЛА: Пелистер (21-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (15-8), Гостивар (13-10), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-11).