Top Sport

Јармоленко го открива конфликтот со неговиот поранешен идол Тимошчук

Украинската фудбалска ѕвезда на Вест хем, Андриј Јармоленко открива дека влегол во остар конфликт со неговиот поранешен херој и екскапитен на украинската репрезентација, Анатолиј Тимошчук по неговиот „молк“ за војната во Русија.

Украинската фудбалска федерација веќе поведе постапка за одземање на сите почести на поранешниот капитен 43-годишниот Тимошчук, кој е рекордерот по бројот на настапи за репрезентацијата, откако тој остана да работи во рускиот Зенит Санкт Петерсбург.

Јармоленко во интервју со рускиот поранешен фудбалер, а сега блогер, Евгениј Савин вели дека веднаш контактирал со својот поранешен идол.

„Да почнам, кога игравме заедно, Тоља беше пример за професионализам за мене. Секогаш ми беше идол. Но, кога видов кој зборуваше, а кој не кажа ништо му пишав: ‘Како спиеш навечер?’. Тој ми одговори: ‘Исто како тебе, и јас не спијам’. Веќе не му пишував, но тој ми се јави. Го прашав: ‘Зошто молчиш? Ми беше пример, но сега не постоиш во мојот живот’. Ми кажа да одам да се е.ам, и јас му вратив. Тука заврши разговорот. Што е со него? Најверојатно му е страв. Не знае што ќе случи ако каже нешто. Има жена, деца, тие се Руси. Го сфаќам тоа многу добро. Но, во исто време има пријатели во Украина чии роднини умираат. Лесно можеш да го изнесеш емејството и да живееш било каде на светот. Направи оволни пари да си го дозволи тоа. Не сфаќам како може да продолжи да живее вака. Твоите родители се на другата страна, ти си на страната која пука“, вели 32-годишниот Јармоленко.

Украинците ја бришат сопствената фудбалска легенда Тимошчук

Scroll to Top