Финикс Санс доживеаја пораз (114:125), во вториот меч серијата со Њу Орлеанс Пеликанс. Пеликаните, предводени од Брендон Инграм (37 поени, 11 скока, 9 асистенции), направија брејк во Аризона и израмнија во серијата на 1:1.
Поголема згриженост од поразот во клубот предизвика повредата на најдобриот играч, Девин Букер.
Букер го повреди бутниот мускул на 4:45 минути до крајот на третиот период. Веднаш замина во соблекувалната. До тој момент, Букер за 25 минути игра постигна 31 поен.
„Утре ќе имаме повеќе информации. Во текот на сезоната веќе игравме без Крис Пол и Бук. Доколку Букер не може да игра, ќе мораме да се потпреме на другите кошаркари, тоа го правиме во текот на целата сезона“, рекол тренерот на Санс, Монти Вилијамс.
Во минатото, Букер, неколку пати имаше проблем со оваа повреда. Без Букер во тимот, оваа сезона, Санс имаат скор од девет победи и пет порази.
Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во Њу Орлеанс, во сабота наутро, во 3.30 часот по средно-европско време.
This appears to be where Devin Booker injured his hamstring. Prayers up for Book pic.twitter.com/5phfRtPPxF
— DARIUS ALFORD (@IAMDARIUSALFORD) April 20, 2022