Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија ќе го напушти ПСЖ ова лето откако раководството на клубот реши да не го продолжи договорот со крилниот напаѓач иако тој се уште е меѓу најдобрите играчи на тимот.
33-годишниот Ди Марија се врати против Анже и одигра одличен натпревар и уште еднаш ја потврди својата класа без разлика на возраста.
Италијанските медиуми најавуват дека Ди Марија ќе пристигне во Серија А и ќе го носи дресот на Јувентус. Тој треба да биде замена за сонародникот Пауло Дибала кој ќе замине од Торино, а како слободен агент би можел да му се приклучи на Интер.