Top Sport

Мегваер привремено преселен кај соиграчите по заканите за бомба во неговиот дом

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, минува низ хорор по заканата за бомба во неговиот дом, откако одигра очаен натпревар во дебаклот против Ливерпул во вторникот вечер.

Ден подоцна до неговиот агент беше испратена дојава за бомба преку електронска пошта, по што Мегваер со семејството се преселил кај соиграчите и моментално е на безбедна локација и надвор од домот.

Според медиумите на Островот, при заканата му биле дадени 72 часа на англискиот стопер да го напушти објектот, бидејќи во куќата во која живее биле поставени три бомби.

Мегваер го направи тоа и сега се чека конечниот епилог од грдата епизода која ги помести границите на спортот и предивика хорор за фудбалерот и неговото семејство.

Манчестер Јунајтед денеска игра нов дерби натпревар против Арсенал, еден вид битка за пласман во Лигата на шампионите, а не е познато дали Мегваер воопшто ќе биде во составот по сето она што го доживеа последните денови.

Scroll to Top