Имола e првата трка од годинашниот календар во Ф1 на која ќе ѝ претходи спринт во должина од 100 километри. Денешната спринт трка започнува во 16:30 часот, а утрешната трка е закажана за терминот од 15:00 часот.
Меѓународната автомобилистичка федерација одлучи и оваа сезона да се организираат три спринт трки.
Правилата се променети во однос на ланската сезона. Оваа година победа во спринтот носи осум бода, а пол-позицијата нема да ја добие тој што ќе заврши прв, туку ќе остане кај човекот со најбрзо време во квалификациите.
Патеките „Ред Бул Ринг“ во Австрија и „Интерлагос“ во Бразил ќе бидат домаќини на останатите возбудувања во тековната сезона.
Макс Ферстапен ќе стартува прв на денешниот спринт, пред Чарлс Леклер и пред Ландо Норис.