Новокрунисаниот шампион на Франција, Пари Сен-Жермен и во првиот меч откако стана француски шампион не успеа да победи, откако на гостувањето кај Стразбур прими гол во 92. минута за 3:3 реми по 1:1 ремито на домашен терен минатата недела против Ленс.
Ветеранот Кевин Гамеиро ги донесе Стразбур во водство по само три минути игра, пред Килијан Мбапе во 23. минута по асистенција на Нејмар да израмни на 1:1. Мбапе потоа му асистираше на Ашраф Хакими во 64. минута за водство на гостите, пред само четири минути подоцна да го постигне својот втор гол за 1:3.
Меѓутоа, Стразбур успеа да намали на 2:3 во 75. минута преку Хабиб Дијало за нервозен финиш на мечот, пред Антони Каси во 92. минута да го совлада по третпат Џиџи Донарума за израмнување.
#RCSAPSG
Strasbourg 3-3 PSG | GOAL! Caci.to never miss any goal follow @iF26s pic.twitter.com/BD40wMNWNW
— All Goals. (@AllGoals_) April 29, 2022