Top Sport

Баерн се избори за „мајсторкa“ против Барса, Монако „преживеа“

Баерн Минхен повторно покажаа сила за борба со најдобрите евролигашки клубови, победувајќи ја Барселона со 59:52 да израмнат на 2:2 во четврт-финалната серија за да примораат „мајсторка“ за пласман на Фајнал фор во „Палау Блауграна“ следната недела. Монако, пак стигна до 78:77 победа над Олимпијакос за да ја намали предноста на грчкиот клуб на 2:1.

Баварците стигнаа до рано водство во физичкиот меч за да поведат со 36:25 на полувреме, и да дојдат до 14 поени предност во третата четвртина. Барселона немаше постигнато кош речиси шест минути во второто полувреме, за да дозволат домаќините да ја преземат контролата и да го зголемат водството на 19 поени. Гостите, конечно, се „разбудија“ во последната четвртина, но беше предоцна.

Ник Вајлер-Баб заврши со 12 поени, 7 скока и 4 асистенции во меч со малку поени, Отело Хантер додаде, а Владимир Лучиќ 8 поени. За Барса, Алекс Абринес заврши со 12 поени, а Никола Мироти имаше само 7 поени. Победникот од овој дуел на Ф4 веќе го знае противникот – Реал Мадрид.

 

Scroll to Top