Италијанскиот калчолигаш Милан доби неверојатна шанса од градскиот ривал Интер за да го освои „скудетото“ оваа сезона, но раководството на клубот веќе размислува и како ќе изгледа тимот во следниот шампионат.
Новите сопственици од Бахреин, кои треба да го купат клубот од „Сан Сиро“ по завршување на оваа сезона, ќе инвестираат околу 200 милиони евра за засилувања, а во Милан веќе ги знаат приоритетите.
Тренерот Стефано Пиоли сака засилување за десната крилна позиција, а најголема желба е ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез. Тој на лето ќе влезе во последната година од договорот и „граѓаните“ се подготвени да го продадат за околу 40 милиони евра.
Милан е подготвен да ја плати отштетата и да го доведе Марез, за кого се интересираат и Пари Сен Жермен и Барселона.