Top Sport

Синиша Михајловиќ излезе од болница

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ излезе од болницат „Сант’Осорла“ во Болоња по новиот третман за леукемија и се наоѓа во „добро расположение“, објавија италијанските медиуми.

На српскиот тренер првпат му беше дијагностицирана леукемија во 2019 година, по што имаше три тури хемотерапија и пресадување на коскена срж, пред во октомври 2019 да се врати на работата со клубот. За жал, оваа година болеста се врати и тој мораше повторно да оди во болница.

Се верува дека Михајловиќ ќе може да се врати на клупата на својот клуб на барем еден натпревар до крајот на сезоната.

Scroll to Top