Top Sport

Ѓоковиќ пак побрз од темницата во Лондон

Новак Ѓоковиќ мораше да чека до 19 часот по локално време за да го почне мечот со Русинот Карен Хачанов, но направи сѐ што можеше да не мора да се враќа на теренот и утре, победувајќи со 6:4/6:2/6:2 за 10. пласман во четврт-финалето на Вимблдон.

До оваа ситуација дојде откако на Кевин Андерсон му беа потребни 3 и пол часа да го победи Гаел Монфис, и Ѓоковиќ знаеше дека има само околу два часа да го победи младиот Хачанов. Мечот заврши во 20.50 по локално време (21.50 по средноевропско).

Следен за трикратниот шампион од Вимблдон е 24. носител, Кеи Нишикори, кој ја прекина низата на Ернестс Гулбис.

Фото: ЕПА

Scroll to Top