Top Sport

Лудиот „кралски танц“ во соблекувалната

Реал Мадрид оваа пролет прави чудесни пресврти во Лигата на шампионите, од ПСЖ, преку Челси, синоќа во полуфиналето тоа го почувствува и Манчестер Сити.

Во 90. минута, Реал Мадрид заостануваше со два гола во вкупниот резултат и се беше подготвено да слави во тимот на Манчестер Сити, но така не мислеше Родриго, кој на Реал му донесе голем пресврт и продолженија. Потоа Карим Бензема од пенал го постигна решавачкиот гол за конечни 3:1 и „кралевите“ се пласираа во финалето на ЛШ против Ливерпул.

Ваков триумф мора да се слави на посебен начин, па фудбалерите на Реал Мадрид „танцуваа“ славејќи во соблекувалната.

 

Scroll to Top