Аталанта ја прекина серијата од два натпревари без победа, за 1:3 триумф кај Специја, резултат кој ги остава во трка за пласман во Лига Европа.
Луис Муриел ги донесе гостите во водство уште во 16. минута по одличната асистенција на Роман Малиновски, но грешките во одбраната скапо ги чинеа Аталанта, дозволувајќи Специја да израмни на 1:1 во 30. минута преку Даниеле Верде.
Победата за „Ла деа“ беше обезбедена во финишот на натпреварот – Берат Џимшити во 73. минута даде гол за 1:2 водство, пред Марио Пашалиќ во 87. минута да ги потврди трите поени.
Аталанта сега е на седмото место на табелата со 59 поени, исто како и шестопласираната Рома, која утре игра со Фиорентина, додека Специја по четири порази во низа е на 16. место на табелата со 33 поени.
с