Иако менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше исмеван за тоа што ја спомена Рома како клуб кој „троши многу и не е во Лигата на шампионите“, во италијанските медиуми сметаат дека се работи само за „лошо слушната“ изјава и дека критиките не се кон тимот на неговиот стар ривал Жозе Мурињо
Изјавата на вчерашната прес-конференција, на која Гвардиола се правдаше за нов неуспеш да се стигне до титулата од ЛШ, предизвика многу контроверзи во Италија и Англија, бидејќи е невозможно да се спореди трошењето на Сити со тоа на италијанскиот клуб.
Но, во италијанските медиуми по деталната анализа на изјавата, сметаат дека тој не вели „АС Рома“, туку „that’s normal“ (тоа е нормално) и дека сакал да посочи на Пари Сен-Жермен, клуб кој исто како и Сити троши многу, но уште го чека првиот континентален трофеј.
Non capisco perché nominare la Roma e non il PSG ? #Mourinho #Guardiola pic.twitter.com/2KmR4pCYJB
— JAX (@IlJoker17) May 7, 2022