Челси е подготвен ова лето да го продаде вториот голман Кепа Аризабалага. Тој и понатаму е најскапиот голман во светот, откако клубот од „Стемфорд бриџ“ за него плати неверојатни 80 милиони евра на Атлетик Билбао во 2018 година. Но, тој не успеа да се наметне со своите игри и го загуби местото на голот од Едуард Менди.
Седи на клупата, но Шпанецот заработува огромни 150.000 евра неделно и затоа Челси бара начин да се ослободи од него. Се надева дека ова лето ќе пристигне понуда за негово заминување.
Кепа има договор со Челси до 2025 година, а лондонскиот клуб е подготвен да го продаде и за неверојатни 10 милиони евра само да се ослободи од товарот што го носи неговата плата.