Top Sport

Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина на отворено

Членот на атлетскиот клуб Работнички и репрезентативец на Македонија, Андреас Трајковски, на меѓународен атлетски митинг во Лимасол, Кипар, го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено, со резултат од 7, 41 метри. Досегашниот македонски рекорд изнесуваше 7, 15 метри и, интересно, беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски.

Андреас Трајковски го освои петтото место на митингот, а првопласиран беше олимпискиот шампион и светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8,28 метри.

Scroll to Top