Top Sport

Анкета на „Експрес“ – вратете ги Русите, исфрлете го Ѓоковиќ од Вимблдон

Олуката на најславниот гренд слем турнир, Вимблдон да не им дозволи настап на руските и белоруските тенисери оваа сезона, не ја има поддршката на англиската јавност, која повеќе би сакала светскиот рекет број 1 и актуелен шампион, Новак Ѓоковиќ да не добие дозвола за настап, покажува анкетата на весникот „Експрес“.

Во анкета на 11.000 читатели на „Експрес спорт“, 55 отсто од читателите сметаат дека Вимблдон нема право да ги суспендира Русите и Белорусите, а дури 75 отсто се согласуваат со критиките кои ги упатија Рафаел Надал и Енди Мареј кон организаторите. Од друга страна 59 отсто од читателите сметаат дека Ѓоковиќ треба да биде исфрлен од турнирот бидејќи не е вакциниран поради КОВИД.

Scroll to Top