Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Рејџон Рондо, е обвинет дека со пиштол, пред очите на двете деца, и се заканувал со пиштол на Ешли Бечелор, неговата поранешна партнерка и мајка на неговите деца. Портпаролот на НБА, Мајк Бас, истакна дека лигата го следи процесот.
„Свесни сме за извештајот и сме во процес на собирање повеќе информации“, изјави Мајк Бас.
Поранешната партнерка на Рондо, Ешли Бечелор, неодамна поднела барање за итна заштитна наредба во Луисвил, откако 36-годишниот Рондо наводно извадил пиштол и се заканувал дека ќе ја убие за време на расправијата на 11 мај.
36-годишната Ешли Бечелор е мајка на двете деца на Рондо, Рајл и Рејџон Јуниор, кои наводно биле присутни во моментот на инцидентот. Како причина за целиот инцидент е наведено несогласувањето меѓу партнерите околу играњето на видео-игри во домот на Рејџон Рондо.