Поранешниот претседател на Интернационалната хокеарска федерација (ИИФХ), Рене Фасел нема да биде добредојден на Светското првенство во Финска поради неговите врски со Русија и со Владимир Путин, објави претседателот на Финската хокеарска федерација, Мати Нурминен.
Фасел, кој е прогласен за почесен претседател, е под истрага на етичкиот борд на ИИХФ, откако наводно добил скап консултантски договор со Континенталната хокеарска лига (КХЛ).
„Руската војна е тажна за сите и има негативни ефекти кон хокејот и сигурно за Фасел. Официјално, тој е почесен претседател на ИИХФ, но му порачуваме дека не е пожелно да пристигне“, изјави Нурминен.
Фасел се спротистави на исфрлањето на Русија од ИИХФ.
„Војната не може да ја намали мојата љубов кон Русија. Ги сакам Русите. Тоа што се случува сега немам никаква врска со хокејот“, изјави Фасел.