Фудбалерите на Ајнтрахт и Ренџерс, вечерва од 21 часот во Севиља, ќе се борат за трофејот во Лига Европа и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
За Ајнтрахт тоа ќе биде можност да го освои првиот европски трофеј по повеќе од 40 години, а за Ренџерс шанса за прва титула во европско натпреварување во последните 50 години.
Триумфот во второто по ранг европско натпреварување носи автоматски пласман во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона.
„За Ајнтрахт, за навивачите, за клубот, за играчите (титула по 42 години) тоа би било најважното нешто досега. Ќе дадеме се од себе да се вратиме дома со трофејот и да поминеме една или две ноќи славејќи со нашите навивачи“, изјави тренерот на германскиот клуб Оливер Глазнер за веб-страницата на УЕФА.
Тоа ќе биде прво европско финале за тимот од Франкфурт откако ја победи Борусија Менхенгладбах во 1980 година во германското финале на Купот на УЕФА.
Ренџерс беа блиску до европска слава кога играа во финалето на Купот на УЕФА во 2008 година, но загубија од Зенит Санкт Петербург.
Шкотскиот клуб е во потрага по својот прв европски трофеј по освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1972 година.
И двата клуба имаат огромна база на навивачи, се очекува во Севиља да дојдат десетици илјади луѓе, што предизвика загриженост кај локалните власти и УЕФА.
Претходно во сезоната имаше насилство од навивачите во тој град кога Севиља и Бетис беа домаќини на натпревари во рамките на ова натпреварување.
Исто така, пред полуфиналето меѓу Ајнтрахт и Вест Хем во Германија, повеќе од 30 навивачи беа уапсени по тепачките на навивачите на двата клуба на неколку локации во градот.
Навивачите на германскиот клуб го привлекоа вниманието кога повеќе од 30.000 успеаја да влезат на „Ноу Камп“ во Барселона за реваншот од четвртфиналето.
УЕФА ги замоли навивачите без билети да не патуваат во Шпанија за финалето и предупреди на опасноста од купување билети на секундарниот пазар.
На стадионот „Рамон Санчез Пишуан“ ќе има повеќе од 40.000 места, но за секој клуб се доделени околу 10.000 билети.
Претставниците на Севиља ќе отворат две фан зон, на различни локации за навивачите на двата клуба.
Ренџерс, предводен од капитенот и најдобар стрелец Џејмс Таверние, ги загуби првите два натпревари во групата, но на крајот стигна до финалето, на тој пат „полицајците“ елиминираа двата германски клуба – Борусија Дортмунд во првата рунда од нокаут фазата и Лајпциг во полуфиналето.
„Кога сте во нокаут фазата, тоа е се или ништо, а карактерот на моите играчи е извонреден. Имаме квалитет и имаме верба. Најважно е да имаш верба дека можеш да победиш“. “, изјави тренерот на Ренџерс, Џовани ван Бронхорст, кој беше ангажиран во ноември откако Стивен Џерард се пресели во Астон Вила.
Ајнтрахт, предводен од голманот ветеран Кевин Трап, се пласираше во финалето без пораз, откако елиминираше неколку силни противници – Бетис во осминафиналето, Барселона во четврт-финалето и Вест Хем во полуфиналето.
Тимот од Франкфурт се обидува да стане третиот непоразен тим кој ја освоил титулата во ерата на Лига Европа, по Челзи во 2019 година и Виљареал во 2021 година.
“Секоја екипа која ќе се пласира во финалето го заслужува тоа бидејќи мора да мине долг пат. Мора да победите многу натпревари”, изјави Глезнер.
„Ренџерс елиминира два силни клуба од Бундеслигата. Ова покажува дека тие се многу добри и подготвени за германскиот фудбал, па очекувам изедначено и тешко финале“, додаде тренерот на Ајнтрахт.
Клучен играч на тимот е Србинот Филип Костиќ, кој постигна девет гола во Лига Европа.
Последната пресметка на двата клуба беше болна за Ренџерс.
Шкотскиот клуб прими шест гола во двата полуфинални натпревари од Купот на европските шампиони во 1960 година. Ајнтрахт потоа загуби од Реал Мадрид во финалето со 7:3.
Франкфурт не се врати во најголемото клупско натпреварување во Европа од тоа финале, додека Ренџерс последен пат играше во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2010/11.
Последен пат кога финалето на Купот на УЕФА се играше во Севиља, во 2003 година, на теренот беше најголемиот на Ренџерс, тимот на Селтик, кој загуби од Порто.