Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд изненадувачки објави разделба со досегашниот тренер Марко Росе, кој заминува од клубот по завршувањето на сезоната во Бундеслигата.
„Борусија Дортмунд и тренерот Марко Росе ја завршуваат својата соработка. По интензивната анализа на сезоната, во која беа вклучени Росе, Ваке, Цорк, Кел и Замер, клубот одлучи да продолжи напред и му посака успех на Марко Росе во неговиот следен потфат“, се вели во соопштението на клубот.
Марко Росе помина само една сезона на кормилото на тимот откако пред една година пристигна од Борусија Менхенгладбах. Тој ги предводеше „милионерите“ до второто место во шампионатот, но имаше разочарувачки резултати во другите натпреварувања.
Борусија Дортмунд доживеа елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите и го продолжи учеството во Лигата на Европа, каде беше елиминиран во 1/16 – финалето од Глазгов Ренџерс. Во Купот на Германија, тимот беше елиминиран од второлигашот Сент Паули во осминафиналната фаза.
OFFICIAL: Borussia Dortmund have sacked manager Marco Rose ❌
Dortmund finished second in the Bundesliga, eight points behind champions Bayern Munich. pic.twitter.com/DQi5UA4Wwm
— GOAL (@goal) May 20, 2022