Светскиот рекет број 2, Данил Медведев вели дека не планира да бара правда пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), откако Вимблдон им забрани на руските и белоруските тенисери да настапат на елитниот гренд слем турнир.
Одлуката на Вимблдон беше критикувана од АТП и ВТА турнејата, како и од повеќе индивиуални тенисери, а се најавува дека ако не се смени одлуката турнирот нема да носи рејтинг-поени како „казна“ од федерациите. Шампионот од САД опен, Медведев вели дека се направиле „многу грешки“ околу забраната и дека чека АТП да реагира.
„Јас не сум адвокат. Ако не можам да играм, нема да одам на суд за ова, тоа е сигурно“, изјави Медведев пред стартот на Ролан Гарос во Париз.