Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах тврди дека санкциите кои се поставени на руските спортисти се за нивно добро и во исто време ги предупреди спористите да не даваат поддршка на сопствената држава во војната во Украина.
На сесијата на ИОЦ во Швајцарија, Бах повтори дека ИОЦ биле приморани да советуваат суспензија на руските и белоруските спортисти бидејќи Москва го прекршила олимпиското примирје, но и дека со суспензијата се помага за безбедноста на спортистите од овие две земји.
„Нашите активности имаат две цели – санкции од една страна, и заштитни мерки од друга. Моравме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувња и да препорачаме руските и белоруските спортисти и официјални лица да не учествуваат на нив, или барем да учествуваат како неутрални без својата националност. Ова се заштитни мерки, а не санкции. Безбедноста на руските и белоруските спортисти не можеше да се гарантира поради длабоките анти-руски и анти-белоруски чувства во многу земји“, објаснува Германецот.
Тој исто објасни зошто слични мерки не се покренале против други земји во минатото.
„Зошто реагиравме на оваа војна поинаку отколку на многуте други војни низ светот? Има два одговори. Првиот е дека војната во Украина е поинаква бидејќи е очигледно прекршување на олимпиското примирје. Вториот одговор се наоѓа во политичките, социјалните и економските последици на војната кои ја прават како пресвртница во светската историја“, додава Бах.
Рускиот олимписки шампион во пливање, Евгениј Рилов доби деветмесечна суспензија откако присуствуваше на концерт во Москва за одбележување на обеинувањето на Русија и Крим со „Z“ на својата јакна, додека рускиот гимнастичар Иван Кулијак доби едногодишен суспензија за носење на „Z“ при натпреварувањето во Катар во март.
„Ги следиме детално тие кои ја поддржуваат оваа војна и нивните изјави или активности ќе донесат потребни последици. Ова беше докажано од ФИНА и ФИГ со своите суспензии“, предупреди Бах.