Вест Хем го официјализираше најголемиот трансфер во клупската историја. Лондонскиот клуб за 40 милиони евра, со дополнителни бонуси, го донесе Фелипе Андерсон од Лацио.
Според англиските медиуми, трансферот на Бразилецот, може да изнесува и 55 милиони евра.
Андерсон има 25 години, а може да покрива неколку позиции во редот за врска, а се снаоѓа и на позицијата на „лажна деветка“.
Бразилецот во Лацио пристигна во 2013 година од Сантос. За клубот од Рим одигра 245 натпревари и постигна 41 гол.
Welcome to West Ham United, @F_Andersoon! #ThatFelipeFeeling pic.twitter.com/DnN7oXMyyX
— West Ham United (@WestHamUtd) July 15, 2018