Светскиот рекет број 1 и актуелен шампион од Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ покажа дека полека ја враќа својата најдобра форма, доминирајќи против Аргентинецот Диего Шварцман за пласман во четврт-финалето на францускиот гренд слем, каде што може да има мега-дуел со вечниот ривал и некрунисаниот „крал“ на турнирот, Рафа Надал.
Зачудувачки, Србинот беше пречекан со свирежи од дел од париска публика, што дури предизвика и коментаторот на „Јуроспорт“, Алекс Коретча да застане во одбрана на тенисот, велејќи дека се работи за крајно непочитување кон голем тенисер. Освен на стартот на вториот сет, кога дозволи Шварцман да поведе со 0:3, Ѓоковиќ покажа одлична игра за да стигне до 6:1/6:3/6:3 победа над Аргентинецот за 2 часа и 17 минути игра.
Во четврт-финалето, Ѓоковиќ би играл со подобриот од мечот на Надал со канадската тениска надеж, Феликс Оже-Алијасим, а потоа во полуфиналето потенцијално победникот би „налетал“ на младата шпанска тениска надеж, Карлос Алкараз, кој вечерва го игра своето осминафинале против Русинот Карен Хачанов.
? Just sit back and admire Novak Djokovic at his best ?#RolandGarros pic.twitter.com/elUMHjvyJD
— Eurosport (@eurosport) May 29, 2022