Top Sport

Првата средба на Мбапе и Бензема, откако го „предаде“ и остана во ПСЖ

Килијан Мбапе го „измами“ Реал Мадрид откако со месеци преговараше со Флорентино Перез да го напушти Пари Сен Жермен, но на крајот го искористи Реал Мадрид за да го добие најголемиот договор во историјата на фудбалот и остана во Париз.

Тој ја продолжи соработката на уште три сезони, а сите во Реал Мадрид останаа во шок. Можеби најмногу неговиот соиграч од репрезентацијата Карим Бензема кој со недели во интервјуа и на социјалните мрежи даваше „индиции“ кои велат дека покрај него во нападот ќе игра Килијан Мбапе.

Пред финалето на Лигата на шампионите со Ливерпул, Бензема беше замолен од новинарите да ја искоментира одлуката на Мбапе да остане во Париз, а тој само креваше раменици и рече дека „не размислува за небитни работи“.

Тој на една фотографија на Инстаграм порача и дека Мбапе е предавник, па многумина се прашуваа што ќе се случи кога тие двајца ќе се сретнат следниот пат – и како тоа ќе се одрази на француската репрезентација, каде што се чести кавгите, особено поради Бензема.

Мбапе и Бензема се прегрнаа на собирот на „триколорите“ и се чини дека меѓу нив нема никакви проблеми. Подготвени се да и донесат нови победи на Франција во Лигата на нации, а „проблемите“ во клубовите – остануваат зад нив.

Scroll to Top