Европскиот првак Реал Мадрид има намера да го купи Рафаел Леао, офанзивецот на Милан, кој беше еден од хероите при освојувањето на „скудетото“. Португалецот имаше сезона од соништата, а воедно беше прогласен и за најдобар играч во Серија А.
Откупната клаузула изнесува 150 милиони евра, тој има валиден договор до 2024 година, а директорот на Милан Паоло Малдини работи на продолжување на соработката најмалку до 2026 година. Сепак, Реал Мадрид има друг план.
Раководството на „кралевите“ е подготвено да ги испрати Лука Јовиќ и Марко Асенсио на „Сан Сиро“ и дополнително да плати пари, за да го доведе Рафаел Леао на „Сантијаго Бернабеу“.